Позитивна на „Ковид 19“ е и Катерина Манолева, жената откриена мртва во стан во Велес заедно со синот Ванчо
10.04.2020
Катерина Маноилова, починатата жена во Велес е позитивна на „Ковид 19“ додека нејзиниот син Ванчо Маноилов е негативен на тестот на коронавирус. За мајката и синот кои беа пронајдени мртви во нивниот стан на ул: „4 Јули“ во Велес, во понеделникот, на 6 април годинава, првично соседите рекоа дека не ги виделе од божикните празници. Што тоа значи, дали вирусот бил присутен и лани, во декември?
Во понеделникот на 6 април претседателот на куќниот совет, Димче Зврцинов на новинарско прашање кога последен пат контактирал со состанарите соопшти дека тој во месец јануари, годинава не успеал да оствари контакт со нив бидејќи не му отвориле кога тој тропал на влезната врата за да ги собере парите за чистење и потрошена електрична енергија во влезот.
-Тогаш не ми отворија, само викнаа одвнатре и толку. Стравичната смрдеа што почна да се шири од станот не натера да ѕвониме во полиција и да бараме помош. Јас немав контакти во изминатите две години, колку што тука живеам. Не ја ни познавам жената, додаде Зврцинов.
„Завршена е обдукцијата на жртвите и се чека на токсиколошката анализа“, соопштија од Обвинителство во Велес.
Што тоа сега значи и дали е потврда на сомнежите дека коронавирусот бил присутен многу порано, уште од крајот на минатата година, ке треба да соопштат државните институции и експертите./У.Ј