Коцевски: Велес не е контаминиран, претходните направени проценки на состојбата со ковид 19 биле престроги и не точни
29.05.2020
Драстично намалениот број на новозаразени од ковид 19 и контролата што е направена врз вработените во шесте клона на детската градинка „Димче Мирчев“ каде нема ниту еден позитивен вработен од заразното заболување се потврда на последните проценки кои говорат за немање на широка загрозеност на Велес. Во наредната недела 30 пациенти се очекува да го добијат и вториот негативен тест со што драстично ќе се намали бројот на активни инфицирани граѓани во градот поточно се очекува едноцифрен број.
– Денешната состојба говори за вкупно 129 инфицирани сограѓанки и сограѓани. Поточно за 1 инфициран и 1 оздравен што заедно со вчерашните 9 оздравени говори за 10 оздравени лица за два дена. Во моментов имаме 89 оздравени сограѓани со два негативни теста, досега се починати 9, активни се 31 од кои 13 се наоѓаат во Инфективното одделение на велешката болница, 2 пациенти во Инфективна клиника во Скопје како и поради други причини 1 сограѓанин се наоѓа во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, рече градоначалникот Аце Коцевски.
Градоначалникот на денешната прес конференција процени дека од големо значење е што во Велес нема нови инфицирани здравствени работници, се намалени повиците од граѓаните во Брза помош како и фактот дека беспрекорно функционира координацијата помеѓу јавните здравствени институции со матичните лекари во приватните ординации.
– Нема новопримени пациенти на Инфективно одделение и на кислородна поддршка. Добра вест е и тоа што пациентите полека се враќаат кај своите матични доктори, масовно не се препишуваат лекови и многу добра вест е дека на матичните лекари им е олеснета работата со воведениот електронски рецепт, додаде Косевски.
Сепак Градоначалникот апелираше го граѓаните да не се опуштаат и да ги политуваат мерките според кои задолжително треба да се носат заштитни маски и да се избегнуваат групни собири.
Според Коцевски во изминатата недела, од 22 до 28 мај, СВР Велес поднела само една пријава против граѓанин што не го почитувал полицискиот час како и 123 прекршочни платни налози за не носење на маска./У.Ј