Еден оздравен и ден без новозаразени граѓани од ковид 19 во Велес
30.05.2020
Еден велешанец за оздравен се води во статистиката на Институтот за јавно здравје која се однесува на изминатите 24 часа. Од инфективносто заболување во државата денеска се евидентирани нови 35 случаи на заразени граѓани во државата. Најмногу во Скопје – 22, во Тетово – 6, во Куманово -4 и по 1 во Штип, во Струга и во Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти. Освен велешанецот оздравени се и граѓани во:
– Скопје 8
– Куманово 3
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Битола 2
– Неготино 2
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат e пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај.
Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 28804 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2164, бројката на оздравени пациенти е 1535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498.