Еден новозаразен и еден оздравен велешанец, денеска, од Ковид- 19
21.06.2020
Во последните 24 часа кога во државата се направени 776 тестирања и регистрирани се 101 нов случај на Ковид-19 еден од нив е велешанец. Статистиката што ја објави Министерството за здравство по градови е следна:
– Скопје 57
– Куманово 13
– Дебар 1
– Штип 3
– Тетово 19
– Струга 1
– Велес 1
– Битола 2
– Охрид 1
– Гостивар 1
– Ресен 2
Освен во Велес, во денонокието нема други случаи на новозаразени во Вардарски регион.
Во изминатото денонокие починати се 5 лица и тоа еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти:
– Скопје 11
– Тетово 10
– Велес 1
Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942./У.Ј