Нема новозаболени, само еден оздравен од Ковид-19 денеска во Велес
Објавено на 25 јуни, 2020 во 13:09
25.06.2020
Во последните 24 часа нема новорегистрирани заболени од Ковид 19 во Велес. Во вардарски регион единствено се регистрирани три нови случаи со коронавирус во Свети Николе.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти а меѓу нив и еден од Велес. Исто така еден оздравен има и во Кавадарци .
-На инфективното одделение се лекуваат 14 пациенти од коронавирус, од нив 12 се потврдени случаи додека за двајца се чекаат резултати. Од денеска на кислородна поддршка не е веќе жена на 62 годишна возраст а тоа значи дека нејзината здравствена состојба е подобрена. На кислород во моментов се наоѓа само пациент на 72 години, рече портпаролката на велешка болница д-р Весна Николовска Неделкова./У.Ј