Воз удри автомобил на преминот кај велешко Горно Оризари

Објавено на 27 јуни, 2020 во 09:56

Orizarisoobrakajka fin

27.06.2020

Ударот од возот се случил во задниот дел на автомобилот, кој според фотографијата, најверојатно е марка пасат на железничкиот премин кај поранешната фабрика Свилара. Автомобилот сообраќал од Горно Оризари кон Велес и во него бил само возачот.

Тој не се здобил со повреди.

Сообраќајната незгода се случила претпладнево, нешто пред 9.30 часот. Тогаш била повикана Итна помош.

-Екипа веднаш е испратена на местото на сообраќајната незгода. Лекарот и медицинската сестра го затекнале возачот од автомобилот во здравствено добра состојба само вознемирен од незгодата. Земале амнеза според која не е потребна никаква медицинска интервенција, рече началничката на Итна помош, д-р Васе Пановска Поп Стефанова.

Патници кои стигнале на местото на незгодата рекоа дека имало траги од кочење на возот. Таму во моментов е Увидна екипа на СВР Велес. Таа ќе треба да ги утврди причините за незгодата која за среќа заврши само со материјална штета и без жртви или повредени./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.