Верижен судар кај раскрсницата на семафорите во Велес, метеж во сообраќајот во градот
Објавено на 15 август, 2020 во 12:18
15.08.2020
Верижниот судар се случил денеска околу 13 часот и во него учесници се четири автомобили кои се движеле во правец од семафорите кон поранешен „Жито Вардар“. Нема повредени во сообраќајната незгода.
Полицијата врши увид. Сообраќајката создаде голем метеж во сообраќајот во Велес бидејќи во тој дел од градот се вози по еднонасочни улици за да се дојде до свртување кон втората главна сообраќајница, улицата „Благој Ѓорев“, да се продолжи право кон новиот дел на градот или да се заврти десно кон градскиот базен и населбата Шорка.
За сообраќај, додека не заврши увидот, е затворена улицата што води кон поранешен „Жито Вардар“. /У.Ј