Дебата на тема „Младите и граѓанскиот активизам во Велес“ на Клуб на млади на Фондација Фокус
9.09.2020
Ќе идентификуваат колку младите во Велес имаат познавања за граѓански активизам ,една од повеќето традиционални европски вредности, ќе дебатираат на тема:„Што му е потребно на Велес за поголем граѓански активизам помеѓу средношколците“ и ќе споделат сопствени мислења за лична мотивација и подготвеност тие да му помогнат на својот град или локалната заедница во која тие живеат.
Ваков настан ќе организира во четврток, на 10 септември, Клубот на млади на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“.
На настанот, што ќе започне во 18 часот, гостин на младите ќе биде Игор Смилев, познат граѓански активист во Велес и во државата.
– Настанот ќе се одржи во училишнот двор на „Гимназијата Кочо Рацин“ во Велес со почеток во 18 часот. Овој настан Клубот на млади на Фондација за локален развој и демократија „Фокус “ Велес, го организира како членка на Коалицијата на младински организации „СЕГА“, рече секретарот Ивана Мирчевска.
Настанот, на кој ќе присуствуваат средношколци од четирите средни училишта, Клубот на млади го организира според протоколите за заштита од Ковид-19 и како акција што како членка на Коалиција „СЕГА“ учествува во реализација на проектот „ Младите и европските вредности“./У.Ј