Еден нов заразен, еден префрлен на Инфективна клиника во Скопје како и еден пациент од Свети Николе
9.09.2020
По двата случаи заразени од Ковид 19 кои вчера се примени на лекување на Инфективното одделение во Општа болница Велес откако деновиве беа регистрирани како болни денеска Институтот за јавно здравје евидентира еден нов заразен во Велес. Станува збор за жена која се заразила од семејството и е на домашно лекување.
Од почетокот на работната недела поради влошена здравствена состојба двајца пациенти кои се лекуваа на Инфективното одделение се пренесени на Инфективна клиника во Скопје.
Еден пациент на седумдесетгодишна возраст е од Велес додека исто така завчера бил пренесен и пациент на седумдесетгодишна возраст од Свети Николе.
Денеска на Инфективно одделение во велешка Општа болница се лекуваат 13 пациенти. Само еден од нив е сомнителен додека останатите се со позитивни тестови на Ковид 19.
Во велешко досега има вкупно 281 заразени граѓани, од кои 246 се оздравени и 14 лица се починати. Како активни случаи се водат 21 заболени од кои еден е на Инфективна клиника во Скопје./У.Ј