Сообраќајна незгода кај патарина Отовица
Објавено на 11 септември, 2020 во 09:15
11.09.2020
Сообраќајката се случила пред петнаесеттина минути на автопатот Велес – Скопје, во близина на патарината Отовица.
Според првичните информации на Итна медицинска помош повредени се тројца патници. Сообраќајката ја пријавил патник кој од брзата помош барал што побрзо да испратат екипа на лице место.
На лице место е веќе стигнато првото возило на Итна помош со медицинска екипа. Испратено е и второ.Таму се интервенира врз повредените во сообраќајната незгода, информира д-р Васе Панова Поп Стефанова портпарол на Здравен дом Велес/У.Ј