Двајца новозаразени од Ковид 19 во Велес, четири во Кавадарци и двајца во Свети Николе каде има и двајца оздравени
Објавено на 13 септември, 2020 во 14:59
13.09.2020
Во последните 24 часа регистрирани се две новоинфицирани лица во Велес и ниту еден оздравен од коронавирусот.
Според објавените податоци на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје во вкупно 9 општини на вардарски плански регион се заразиле и четворица кавадарчани и две лица од Свети Николе.
Дневната статистика покажува дека освен двајца жители на Свети Николе кои биле заболени други оздравени во регионот нема./С.А