Дефект на возилото и нанесе сериозни и тешки повреди на раката на кавадарчанка која заврши на Клиника за пластична хирургија во Скопје
13.09.2020
Возилото што го управувала триесет и седум годишната кавадарчанка покажало дефект на стариот пат Велес –Градско, кај раскрсница за село Кочилари, денеска околу пладне. Жената се обидела сама да го поправи. Автомобилот во еден момент на прегледот и откривање на покажаниот дефект тргнало напред и ја прегазило нејзината десна рака во делот на подлактицата.
Жената сама, на телефон, успеала да побарала помош од Итна медицинска помош на Здравен дом Велес. Медицинската екипа ја затекнала со отворена повреда на подлактицата.
-Повредата беше сериозна и тешка, со обилно крварење, за што беше потребно итно сопирање со мобилизација на раката како и итно транспортирање до Хирушки амбуланти на Општа болница Велес. За време на транспортот пациентката беше во свесна состојба, рече д-р Васе Панова Поп Стефанова портпаролка на Здравен дом Велес.
На тешко повредената кавадарчанка специјалистите по хирушки болести и укажале помош.
-Сериозните повреди и тешкото телесно оштетување беа причина по реанимацијата и извршените прегледи веднаш да биде транспортирана на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, рече д-р Весна Николовска Неделкова, портпаролка на Општа болница Велес./С.А