Нови шест случаи на лица со коронавирус во Велес
16.09.2020
Три жени и тројца мажи се новозаразени со Ковид – 19 во последните 24 часа. Две од жените заразното заболување го добиле од членови на семејството додека една се инфицирала на работното место во Скопје. Од двајцата мажи, едниот според епидемиолошката анализа се заразил на летување во Охрид а вториот не можел со сигурност да прикаже каде се инфицирал и од кого.
Денеска има и еден оздравен пациент кој се лекувал од коронавирус дома, под надзор на матичен лекар, соопшти д-р Анастасија Иванова директор на Центар за јавно здравје Велес.
На Инфективното одделение во Општа болница Велес се лекуваат 12 пациенти кои се позитивни на вирусот.
-Оздравена е пациентка од Свети Николе која е испишана од одделението со два негативни резултати на тестови, рече портпаролката на Општа болница Велес д-р Весна Николовска Неделкова. /У.Ј