Новата социјална зграда во Велес ќе се гради пред поранешната фабрика за тули „Киро Ќучук“
Објавено на 22 октомври, 2020 во 17:32
22.10.2020
Изградбата наскоро ќе започне. Зградата со приземје и пет ката ќе има вкупно 29 социјални станови.
Градоначалникот Аце Коцевски информира дека завчера се платен комуналиниот надоместокот за уредување на градежно земјиште.
Се очекува наскоро свечено да биде означен почетокот на изградбата на зградата наменета за социјално ранливи семејства од Велес. /С.А