Пет новозаболени и 20 оздравени ковид пациенти во Велес
Објавено на 29 декември, 2020 во 16:39
29.12.2020
Центарот за јавно здравје Велес денеска регистрира пет новозаболени граѓани на Велес од коронавирус. Со нив, до денеска, во велешко вкупниот број изнесува 2723 граѓани. Оздравени се 20 ковид пациенти или досега вкупно 2076 граѓани.
Во велешко активни на коронавирус се 555 лица.
– Од нив 25 се лекуваат на Инфективно одделение во Општа болница Велес, две лица во приватни клиники во Скопје, две лица во Болница Козле во Скопје, едно лице на Торакално васкуларна клиника во Скопје и 525 се на домашно лекување, соопштија од велешкиот Центар за јавно здравје.
Стоилко Андреевски