Почина едно лице од Велес денеска на Инфективна клиника во Скопје
Објавено на 31 декември, 2020 во 16:04
31.12.2020
Информацијата за починатото лице ја соопшти Центар за јавно здравје заедно со бројот на новорегистрирани 17 новозаболени сограѓани од ковид-19 или од почетокот на пандемијата вкупно 2774 лица. Оздравени денеска се 19 сограѓани или вкупно 2124 велешани.
Вкупниот број на починати изнесува 94 велешани.
Во Велес, во моментов, има активни 556 граѓани од кои 24 се лекуваат болнички на Инфективно одделение во Општа болница Велес, по двајца ковид пациенти се во приватни клиники и во Болница Козле како и по еден на Инфективна клиника и на Торако васкуларна клиника во Скопје.
На домашно лекување се наоѓаат 526 велешани.
Стоилко Андреевски