Велешаните од Канада: „Чувајте се наши велешани, бидете ни здрави и чувајте го и грижете се нашиот роден град да се развива и да биде личен и многу поброен од денеска“!
3.01.2021
Како пилци свиле гнездо во Европа, Америка, Австралија, Канада. Некаде се организирани, а некаде се сами. Носталгијата кон родната Македонија сите ја носат во своите срца, во својата душа. Неодамна порталот Дума.мк воспостави контакт со Гордана Мишкова Колева, велешанка која пред многу години заминала за Канада. Таа е дел од раководството на Здржението на Македонците во Канада и еден од организаторите на „Средбите на иселените Велешани“.
Гордана ни го испрати списокот на велешаните кои денес живеат во Канда, во државата Онтарио поточно во градовите Торонто и околината, потоа во Оаквиле, Бурлингтон и Хамилтон. Гордана ни пиша дека велешани има и во други градови како Бритиш, Колумбија, Алберта итн.
Долгиот список на иселени поранешни жители на Велес го објавуваме онака како што ни го испрати Гордана. Списокот ги содржи имињата на следниве велешани и нивните семејства:
Љуба Осмакови, сопругот Трајче, починал, Бажа-презимето не и го знае, Барба Антони, Љубинка и Танас Јовановски, семејството Жабеви, Тодор Накинов (починат), Оливера Крстева, Ванчо Башкаров, Марина Караколева, Горан Јовановски, Гордана Мишкова Колева со сопругот Грацијан и ќерката Геа, Боне Темелков со сопругата Нина и децата Елена и Антонио и родителите Елена и Мите, Диме Костов со сопругата Софи и ќерката Стефани, Трајче Босилков со сопругата Васка, Бојан и Јасмина Тодорови со синот Драган, Пане Андов со сопругата Изабела и трите деца, родителите на Пане му починале. Зоран Митровски со сопругата Жаклина и синовите Ален и Алек со родителите Борис и Виолета Органџиеви, Слободан Киров со сопругата Лилјана и децата Снежана и Иван, Славица Чејкова со сопругот, Дина Петличков со сопругот и ќерката Ивона, Вера и Александар Тасеви со двете деца и родителите на Вера кои се викаат Благородна и Стојан, Јорданови. Марина Тасевска со сопругот,со двете деца и родителите на Марина, Љубица и Тодор Јорданови, потоа Весна и Ерик Антониј со двете деца, Билјана и Милорад Доневи со ќерките Ивана и Ана како и родителите Василка и Иван Доневи. Ели и Марјан Леови со двата сина. Слободан и Сузана Кириќ со синот и ќерката и нивните семејства. Игор Анѓушев со фамилијата, Игор и Радмила Јордановски со синовите. Игор и Маја Секуловски со децата, Наташа и Тоше Ботинови со двете деца и братот на Тоше, Христијан Ботинов. Потоа Родна Лазовска, Менче и Трајче Спасовски со децата Александар и Магдалена Оровчанец со ќерката Марија, Лорета и Баже Павлови со ќерката Ана, Слободанка Пановска-Попевска со сопругот Владо и двата сина, Весна и Роберт Качурови со двете деца, Жаклина и Дуле Јанушеви со ќерката Силвија, Жаклина Наумова Блажевска со сопругот и двете ќерки, Горан и Габриела Димитриевиќ, Бети и Звонко Србовски со ќерката Александра, Цветанка и Даниел Симоновски, Лидија и Ѓоре Апостолови со децата, Киро Камев, Зоран и Нона Николовски, Нона и Лазе Панови со синовите, Наташа и Оливер Панови со синовите, Елизабета и Гоце Телековски со синот Роберто, Татјана и Горан Пајтонџиеви со синовите Филип и Давид, Дороти и Јован Бојчеви со синовите Војдан и Горазд, Весна и Александар Маргаритови со синовите Михаил и Антонио, Маја и Гоце Маневски со децата Теодора, Весна и Димитар, Тони Темелковски, Наташа и Зоран Јордановски со синот Александар, Даниела Пансадинис со ќерката Киријана, Маријана Малиновска, Анита и Роберт Коларови со децата, Фани и Живко Пановски со синовите, Маја и Зоран Милкови со ќерката Наталија, Анита и Баже Станкови со децата како и отец Ангел Станков со сопругата Тања и децата.
– Има уште Македонци кои сеуште ги немам евидентирано бидејќи живеат во помали места во Канада, пишува Гордана.
Според овој список бројот на иселените велешани само во Канада не е мал. Несакајќи се прашуваме колкав е бројот на велешани кои го напуштиле родниот Велес и заминале во светот. Дали некој знае колкав е бројот на Македонци кои го имаат напуштено родното огниште и каде тие се ги свиле своите гнезда низ светот? Но, каде и да се во нивните срца секогаш се родниот Велес и нашата Македонија.
Гордана Мишкова Колева не замоли, а тоа било желба на сите велешани, нивните имиња да не бидат користени од било која политичка партија или пак да бидат користени за претстојниот попис.
Сепак во нивно име Гордана на своите велешани, на најблиските кои живеат во Велес и на пријателите им ги испраќа честитка за „Среќна, здрава и бериќетна 2021 година“ со зборовите: „Чувајте се наши велешани, бидете ни здрави и чувајте го и грижете се нашиот роден град да се развива и да биде личен и многу поброен од денеска“!
Стоилко Андреевски