Осум оздравени пациенти и седум на кислородна поддршка во Општа болница Велес
Објавено на 26 јануари, 2021 во 13:00
26.01.2021
Во Општа болница Велес, во ковид центрите хоспитализирани се вкупно 17 лица, од кои 15 се потврдени позитивни и двајца сомнителни на корона вирусот.
-На кислородна поддршка се вкупно седум пациенти. На Инфективното одделение се лекуваат 15, додека на Интерно одделение се лекуваат двајца пациенти – соопшти д-р Елеонора Јованова.
Во последните 24 часа, испишани се осум пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Епидемиолошката слика во нашиот град е стабилна, но и понатаму се препорачува почитување на сите мерки со цел спречување во ширењето на коронавирусот.
Стефани Манева
#ОпштаБолницаВелес #КовидЦентри #ОздравениПациенти #ЕпидемиолошкаСлика #ПочитувањеНаМерките