Состојбата во Општа Болница Велес е стабилна, хоспитализирани се само 18 пациенти
Објавено на 27 јануари, 2021 во 13:05
27.01.2021
Во Општа Болница Велес, состојбата со коронавирусот е стабилна. Моментално се хоспитализирани 18 лица, а на кислородна поддршка се само седум пациенти.
-Од 18 хоспитализирани лица, 17 се потврдени позитивини и еден сомнителен. На Инфективно одделение се лекуваат 16 пациенти, додека на Интерно одделение само двајца пациенти- соопшти д-р Елеонора Јованова.
Во текот на денот транспортиран е еден пациент на Клиника за Инфективни болести во Скопје.
Стефани Манева
#Ковид-19 #ОпштаБолницаВелес #Хоспитализирани #СтабилнаСостојба