Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

vakcini Veles 10

07.04.2021

Вкупно 280 велешани ја примија првата доза од вакцината „АстраЗенека“ во Јавна здравствена установа „Здравен дом“ Велес. До денеска нема реакции и несакани ефекти од вакцината кај ниту еден граѓанин на Велес. Нема поблеми ни медицинските тимови на Службата за имунизација. Граѓаните доаѓаат на закажаниот термин и целосно ги почитуваат протоколите и правилата.

- Сакам да напоменам дека до сега ниту еден граѓанин, се нема пожалено за не сакани ефекти од примената вакцина. Работиме строго по протокол што значи дека помеѓу закажаните термини има простор од 10 минути. Работиме двајца лекари, две сетри и помошен персонал што го води административиот дел, рече д-р Пандели Божиков од Службата за имунизација.

170492646 475006323651380 4137232877524765170 n

Медицинските тимови се задоволни што велешани кои веќе примиле вакцина ги почитуваат нивните совети за задолжително седење во времетраење од 20 минути во чекалната, начинот на добивање на вакцинален картон со термин за ревакцинација по 12 недели од денот на примената прва доза на вакцина. Но, споре медицинските тимови за жал се почесто има и граѓани кои преку своите матични лекари го закажале терминот за вакцина, но од непознати причини не се појавуваат на вакцинирање.

- Имунизацијата започна на 31 март оваа година. До сега вакцината ја добија 280 граѓани и вакцинацијата се одвива без сериозно проблеми. Сите вакцинирани граѓани се придржуваат строго на терминот и доаѓаат на закажаниот датум, додаде Божинков.

Во моментов целосно се потполнети преостанатите 320 термини за вакцинација. До 13 април, треба да заврши вакцинацијата со првата пратка од АстраЗенека. Службата за имунизација во Велес се надева дека ќе добие нова количина вакцини, во најскоро време, штом се потроши првата од 600 дози, со цел побрзо да се спречи ширењето на корона вирусот.

Стефани Манева

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново