Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

 дом 2

07.04.2021

Само по еден лекар, медицинска сестра и диспичер затекнавме денеска напладне во Итната медицинска помош во Здравствениот дом во Велес откако нивни колеги ни измерија температура на влезот на зградата а потоа и празна чекална. Атмосферата внатре, во лекарската амбуланта и просторот за прием на пациенти за инјекции ни оддалеку не ја поседуваше славеничката атмосвера која навестува дека денеска е 7 Април – Светски ден на здравството и празник на здравствените работници.

Додека медицинскиот тим одговараше на повици на пациенти на телефон или контактираше со двете теренски екипи, упатувајќи ги на наредни локации за помош на пациенти, во просторијата одекнуваа само нивните гласови: „Ало, повелете“ или „Имаме повик за здравствена помош на улицата...“.По неколку разговори и во пауза до нов телефонски разговор д-р Сања Димитрова и се приближи на новинарската екипа за да и соопшти дека денешниот ден, за жал, не е за прославата туку започнал и најверојатно ќе заврши напорно со оглед што се наоѓаме во пандемија на корона вирус.

 дом 3

-Работна е атмосверата. Две екипи на Итна медицинска помош се излезени на терен. Најголем број на повици се за ковид посети на пациенти со потешки компликации. Во овој бран вирусот е најагресивен и најбрзо се шири. Во полна пареа работиме и празникот на тој начин го поминуваме. Искуството овој пат покажува дека имаме пациенти од секоја возрасна група, се повеќе млади лица кои претходно биле со полаби симптоми и полесно минувале. Сега и кај нив клиничката слика е потешка, кај некои е со пневмонија. Би сакала да упатам апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките, да не се групираат ниту на отворено, со цел да се заштитат себе си но и своето семејство. Ние се бориме и даваме се од себе да им помогнеме на сите пациенти поединечно, даваме терапија, но сепак сите заедно треба да придонесеме за да се спречи вирусот, рече д-р Димитрова.

 дом 1

Празникот е работен ден, ист како изминатите нешто повеќе од 365 дена и за вработените во Центарот за јавно здравје во Велес. Директорката д-р Весна Николовска Неделкова соопшти дека 32 брисови земени денеска од граѓани кои се сомнително болни од Ковид-19 не оставаат простор за празнување.

170441581 4046076098776800 8054654065508165895 n

-Официјално не го одбележуваме празникот, како претходно кога можевме да здивнеме, да испиеме заедно кафе и да слушнеме некој спомен што сме го запомнале во текот на изминатата година. Деновиве кога се земаат по 30 до 32 брисови од граѓани на Велес и од вардарски регион па и пошироко од државата чии резултати укажуваат на фактот дека сме го достигнале пикот на третиот бран на корона вирусот само посакуваме подобро здравје како на медицинските работници така и на граѓаните. Во Центар за јавно здравје е зголемен и бројот на ЦРП анализи како и на Д-димери и на крвна слика, додаде Николовска Неделкова.

127618673 744413859820230 1811878912877677804 n

Дека се е исто како и минатогодишниот 7 Април а во исто време поразлично од сите претходни години покажува и глетката во Општа болница Велес. Таму се подготви Физикалното одделение за нови ковид пациенти откако се наполнија Инфективно и Модуларната болница.

bojagjiev fin

-Жалам што во вакви улови треба да го одбележиме Денот на здравјето.Поточно ова е втора година кога состојбата е иста, започна минатата година. Задоволни сме што можеме да одговориме на сите телефонски повици и драго е да се слушне дека некој се сети денеска да ни рече: „Честит празник“. Да бидам искрен тие повици и честитките значат многу. Слушнав благодарност од пациентите и тоа е доволно. Знаете дека мора да се почитуваат пропишаните мерки, препорачани од Светска здравствена организација, што ги почитуваме и ние за намалено групирање. Во името на институцијата испратив честитки поединечно за секое болничко одделение. Да сме здрави и живи како ние така и граѓаните, рече директорот на Општа болница Велес д-р Божидар Бојаџиев.

modularna bolnica veles

И немаше здравствен работник во Велес денеска што не посака да го симне уморот од лицето и грижата како за сопственото така и за здравјето на граѓаните. Дел од нив, на болничките одделенија, како на Инфективно и на Физикално така и во Модуларната болница посакаа барем на 7 Април да не соопштуваат лоши вести. За жал нивната желба не се оствари. И денеска почина жена од Ковид-19 и маж, поради влошена здравствена состојба, транспортиран е на скопска клиника.

Убавка Јаневска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново