Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Vanov1 fin

Петнаесет години мото клубот „Велес“ бара општината да изгради патека што освен за тренинг на моторциклистите кои се натпреваруваат во брзински или ендуро спортот на меѓународни трки низ Европа ќе им овозможи да бидат и домаќини. Предлогот за прв пат му бил соопштен во вториот мандат на Градоначалникот Аце Коцевски а по него и на Славчо Чадиев. Но, ниту еден од нив до денеска сериозно не пристапил на реализација на мото ендуро патеката на локација над Езеро Младост, вели претседателот на ова спортско граѓанско здружение Сашко Ванов.

- До сега интерес за изградба на патеката покажаа градоначалниците Коцевски, во вториот мандат, како и Чадиев но нема конкретни резултати. Така е веќе 15 години. И сега се обидував да добијам некои поконкретни информации особено откако беше поставено советничко прашање на темата на една од последните седници на Советот на општината. Општинските службеници ме информираа дека ќе се работи на реализација на проектот но не ми кажаа конкретни рокови, рече Ванов.

Vanovisinmu fin

Ендуро, офроуд и мото крос се во експанзија низ Европа а Велес е непресушен извор на таленти во моторциклизмот и има шампиони. Мото клубот „Велес“ континуирано учествува на меѓународните балкански мото брзински и ендуро трки и освојува шампионски титули. Ако градот смогне сили и на Езеро Младост изгради една ваква патека, што според првичните пресметки во 2008 година чинела околу 5.000 евра, тогаш Велес ќе добие можност за промоција во меѓународни рамки.

- Во постојан контакт сум со првиот човек на светското ендуро, французинот Алан Бласард кој ја има франшизата за организација на трки низ цел свет. Тој е заинтересиран за организирање на настан во Велес и многу лесно градот може да влезе на мапата на организатори на меѓународни мото трки. Општина Велес ја има програмата за организација на вакви натпревари јас ја доставив лани есента на повикот за финансирање на граѓански организации. Нејзиното прифаќање и изградбата на патеката за мото трки ќе значи дека во Велес една недела ќе дојдат светски тимови, директни преноси ќе вршат телевизиите Еuro sport i Motors TV, публицитет и промоција . Но јас не наоѓам соговорник од другата страна, барем засега, рече Ванов.

Vanovsoekipa fin

За проблемот на овој мото клуб, изградбата на мото патека на Езеро Младост што нема решение цели петнаесет години, Градоначалникот на Велес Аце Коцевски одговори дека доколку има можност да се реализира и го прифати Советот на општината тогаш тој би дал поддршка за планирање на финансиски средства во Буџетот за 2019 година бидејќи за годинава е доцна.

Инаку иницијативата на велешкиот мото клуб „Велес“ била прифатена од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Каевски./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.