Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Maraton naslovna fin

Триста и четириесет натпреварувачи од Велес, од државата и од странство учествуваа на третиот Велешкиот полумаратон што се одржа во неделата на 4 ноември во Градски парк. Со неговото одржување започна одбележувањето на најзначајниот празник на Велес, 9 Ноември.
Во официјалниот дел во должина од 21 километар титулата најдобар во машка конкуренција ја понесе Ненад Живковиќ од атлетскиот рекреативен клуб "Маратонец"од Крушевац, Република Србија. Во женска конкуренција најбрза беше Тања Велјановска Савовска од клубот "Делта".

Во рамките на рекреативната трка во должина од 5 км први на целта пристигнаа Кристијан Наумовски и Рената Соколовска.

Mijalce fin

- Би сакал да го изразам своето задоволство што дури 340 натпреварувачи од земјава и странство учествуваа на велешкиот полумаратон и придонесоа за успехот на оваа масовна спортска манифестација. Мартонот го организиравме во соработка со група граѓани предводени од Мијалчо Андонов. Би сакал јавно да им упатам багодарност за одличната организација и нивниот придонес за афирмацијата на спортот во Велес и Македонија, рече Градоначалникот Аце Коцевски.

На маратонот учествуваше и Градоначалничката на Крушевац, Република Србија Јасмина Палуровиќ. Крушевац е познат град по слични натпревари.

- Навистина ме радува што годинава полумаратонот беше со најголем број на учесници досега со што се вбројува меѓу првите 3 најмасовни манифестации во овој спорт во Македонија, додаде Коцевски.

maraton2 fin

Градоначалникот констатираше дека токму масовноста на учесниците во спортскиот натпревар го најавила успешниот старт на годинешните одбележувања по повод 9 ноември./У.Ј

 

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново