Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Plivacivovoda

12.09.2020

Aлександар Илиевски од ПК „Нептун“ го освои првото место, Филип Дерковски од ПК „Орион“ второто а третото на денеска одржаниот Пливачки маратон на велешко езеро „Младост“ се пласира Андреј Стојановски од ПК „Нептун“. Во професионалниот дел на натпреварувањето кај жените прва беше Јана Костандиновска од ПК„Нептун“, второто место го освои Калина Стојановска од ПК„Нептун“ додека на третото место се пласира Калина Стојчовска од ПК „Младост“. Оваа трка се бодуваше за генералниот пласман во Македонскиот куп во маратонско пливање што денеска заврши.

Во рекреативниот пливачки дел на маратонот учествуваа вкупно 29 пливачи кои пливаа на 1.600 метри. Прв исплива Никола Василевски, второто место го освои Мартин Треновски и третото Бојан Ников.Кај девојките првото место го освои Елеонора Ѓоргиовска, втора беше Вероника Зашевска и трета Ивана Наумова.

На 800 метри, категорија помлади од 12 години прв на целта стигна Никола Велковски, втор Магор Кармичиов и трет Јован Наумовски додека кај девојчињата прва на целта стигна Милица Стојановска, втора Емилија Велкова и третото место го делат Теодора Теодора Стојановска и Мила Блажевска.

На маратонот учествуваа 65 професионални пливачи и 25 пливачи аматери. На промотивна трка пливаа 20 деца.

На маратонот присуствуваше претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев и светскиот првак во маратонско пливање за 2016 година, Томи Стефановски.

Погледнете како од вода изгледаше денешниот седми Пливачки маратон на езеро „Младост“:

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново