Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

DemirKapijaklisura

02.02.2021

Демиркаписката клисура е надалеку позната како најдобра за спортско качување и алпинизам. Љубителите на алпинизмот неретко знаат да кажат дека таа е најдобра за искачување на Балканот, а можеби и во Европа, со оглед на тоа што многу странски алпинисти се повеќе се интересираат за неа. Некои од нив дури одлучија, токму поради оваа причина да се преселат, и со своите семејства да живеат во Демир Капија.

Викендов се организира и традиционалниот натпревар по спортско качување во зимски услови.

Станува збор за зимско движење по карпа со алатки за качување по мраз. Организатори на натпреварот беа  демиркапискиот клуб ,,Карпа за секој” и македонската Спортско качувачка федерација.

-Имавме 16 возрасни натпреварувачи од двата пола, членови на Федерацијата, се почитуваа сите мерки за заштита од вирусот Ковид-19. Во машка конкуренција најдобар беше Јован Иванов од СКК ,,Астибо” Штип. Кети Талевска од СКК ,,Вертикал” Битола беше најуспешна во женска конкуренција, рече за МИА Александар Кленов, претседател на клубот.

Тој е меѓународно познат алпинист од Русија, кој пред неколку години  со своето семејство одлучи да живее крај Клисурата.

Кленов информираше дека на настанот, покрај за највештите учесници во натпреварот, биле доделени награди и за најдобрите спортски качувачи по природни карпи за минатата година. Исто така, на демиркапиецот Ќиро Ѓорѓиев  му била  врачена диплома за инструктор за качување по карпи. Тој е втор таков инструктор во локалниот клуб, по Кленов.

-Сево ова е во насока на промовирање на каменото богатство над реката Вардар и проширување на можностите за туризам. Особено поради фактот што ваквите карпи за зимско качување се ретки во светски рамки, нагласи Кленов. Интересно е што се работи за сектор предвиден за искачување во зимски услови, кој се вика ,,Плажа”.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново