Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Во спортската сала „Гемиџии“ попладнево мал фудбал играа ченовите на УМС на Внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО ДПМНЕ. Дванаесеттина млади момчиња, подделени во две екипи, се трудеа да постигнат што повеќе голови. Натпреварот изобилуваше со погодоци па тешко беше да се избројат колку постигна едната а колку другата екипа. Сепак младите фудбалери велеа дека не ги бројат постигнатите голови туку дека целта им била да се дружат и заедно да спортуваат.

- Со сите активности, вклучувајќи ја и попладневнава, испраќаме јасна порака дека Иницијативата за реформи е активна на терен со конкретни настани и потполно спротивно од пасивниот начин на работа на сеуште актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ. Наша цел е промовирање на вистинските вредности и ефективно трошење на слободното време на младите. И токму затоа организираме настани од ваков вид, за младите да се рекреираат и дружат, надвор од партиските активности, - рече портпаролката Катерина Граматова.

Таа соопшти дека вакви и слични содржини на настани ќе практикуваат и во наредниот период./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.