Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Borec1

Фудбалскиот клуб „Борец„, кој за велешани претставува спортска гордост, по 18 години се враќа во Првата Македонска фудбалска лига. Тимот на Горазд Михајлов ја совлада Брегалница во дербито со 2-0.

Велешани поведоа со голот на Симеон Христов во 65.минута, а Брегалница од крајот на првиoт дел играше со играч помалку поради исклучувањето на Иван Митров. Во самата завршница, Ѓорѓи Ѓорѓиев постигна втор погодок за конечни 2-0.

Borec2

Славењето на победата, во овој натпревар и влегувањето на фудбалскиот клуб во првата македонска фудбалска лига, започна на Градски стадион. Во френетичен наплив на емоции и чувства први на теренот истрчаа и на клубот и Управата им честитаа најверните поддржувачи, навивачката група „Гемиџии“.

Borec3

Потоа следеа честитки од граѓаните, вљубеници во фудбалот, кои скоро две децении го чекаа моментот кога нивните љубимци ќе се натпреваруваат во првата македонска фудбалска лига. Фудбалскиот клуб „Борец“ започна да постигнува резултати кога зад него застана фирмата „Брако“ од Велес. 

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново