Каевски: Освен реконструкција на Градски фудбалски стадион, во Велес, „3X3 кошаркарско игралиште“ и затворен пливачки базен
Во две фази ќе се реконструира Градскиот фудбалски стадион во Велес. Реконструкцијата ќе чини 16 милиони денари. Во планот за 2020 година на Агенцијата за млади и спорт, исто така, градот се наога и во проектот за изградба на „3X3 кошаркарско игралиште“ како и со пливачки базен. Ова денеска го соопшти Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт додека одговараше на новинарски прашања за тоа до каде се работите со реконструкцјата на фудбалскот стадон и кога велешани ќе заплваат во затвотениот плвачки базент.
– Во постапка се двете фази за реконструкција на фудбалскиот стадон. До крајот на годината во Велес ќе се изгради „3×3 кошаркарско игралште“ кое е според параметрите и за одржување на официјални натпревари а знаеме дека станува збор за олимпски спорт. Овој спорт ќе го развиваме на државно ниво. Велес е влезен во проектот „14 плвачки базени“ што ќе треба да се реализира во втората половина на годинава. Наредната недела ќе започне изградбата на првите шест додека на останатите осум базенти изградбата ќе стартува во месец јуни,годинава, рече Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.
– Во фаза на изработка е Деталнот урбанистчки план штом го донесеме во согласност со Министерството за транспорт врски ќе си издадеме Одобрение за градба и ќе ја започнеме изградбата на покрениот пливачки базен, рече градоначалникот Аце Коцевски.
Каевски додаде дека во соработка со Федерацијата за лизгачки спортови и голем број на спортисти во седум градови во државата беа поставени лизгалишта, кон крајот на минатата додека годинава ќе се поставуваат нови а мегу нив ќе биде и Велес./У.Ј