Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

MiteKaragirov fin

27.11.2020

Во Велес, вчера, на 78 годишна возраст почина Мите Карагиров, професор по физичко воспитување во пензија. Професор Карагиров беше педагог, наставник , класен раководител на десеттици генерации ученици во поранешното основно училиште „Трајко Андреев“ во Велес што образуваше и воспитуваше, препознаваше таленти и од нив создаваше екипи со кој освојуваше први, втори и трети места како на општинските така и на државните спортски училишни натпревари.

Токму неговиот начин на пренесување на знаењата и вештините во групните спортови даваше резултати во „расадникот на талентирани ученици“ кој што Карагиров, со своите колеги во 80 и 90 години на минатиот век, го создадоа за да развиваат професионални спортисти од аматери, од свои ученици.

И постигнуваа резултати затоа што голем број ученици потоа продолжуваа да тренираат и да ги бранат боите на градскиот спортски бренд „Борец“. Независно дали тоа беа фудбалери , ракометари и ракометарки, одбојкари и одбојкари, кошаркари и кошаркарки.

Се до пензионирањето професор Карагиров работеше во повеќе училишта во градот.

Мите Карагиров беше и поранешен сестран спортист, фудбалски голман, ракометар подоцна тренер на машкиот и на женскиот ракометен клуб “Борец“, спортист ветеран и спортски работник.

Како истакнат спортски работник тој ќе остане запамтен по организација на Средношколската Олимпијада во Македонија чиј домаќин беше Велес. На оваа спортска манифестација се натпреваруваа средношколци во повеќе спортки дисциплини како екипно така и поединечно.

Од сите нив професор Карагиров си замина одненадеж, тивко, само за десеттина дена. Посмртните останки на професор Карагиров ќе бидат изложени во 13:00 часот и погребани во 13:30 часот, во сабота, на 28 ноември, на градските гробишта во Раштани, кај Велес. 

„Нека ти е лесна земјата, почивај во мир и спокој професоре“

Убавка Јаневска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново