Владата повторно се задолжи повеќе од планираното
Објавено на 8 март, 2016 во 14:32
Владата се задолжи кај домашните кредитори со 81 милион евра, што е за пет милиони повеќе од првично планираното. Утре по основ на доспеани долгови, Министерството за финансии треба да врати во стопанството 76 милиони евра.
Нема информација од финансии за што ќе се употребат дополнителните пет милиони евра. За денешното задолжување реагираше дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов. Предупреди дека заклучно со денешната аукција на хартии од вредност, нето долгот од почетокот на годинава е 60 милиони евра.
Наумов бара од министерот за финансии Зоран Ставрески да објасни зошто владата се задолжува повеќе од сумата потребна за враќање на доспеаните долгови.