Граѓаните двојно оданочени со намалувањето на прагот за плаќање ДДВ
Со измените во Законот за ДДВ, прагот над кој фирмите и граѓаните ќе станат обврзници за плаќање данок на додадена вредност, се намали од 2 милиона на 1 милион денари. Стамен Филипов, пензиониран правник и рекордер по број на поднесени иницијативи до Уставниот суд, ја оспори уставноста на овие измени.
Како што објаснува Филипов, единствена цел на ваквата мерка е да се полни испразнетиот буџет на грбот на граѓаните и тоа противуставно.
– Со воведување на ваквата обврска за плаќање на ДДВ, граѓаните дополнително ќе бидат оптоварени, бидејќи тие според Законот за даноците на имот, веќе се обврзани и плаќаат данок на имот, што не би требало граѓаните да плаќаат истовремено две јавни давачки (данок на имот и данок на ДДВ). Тоа значи дека се воведува двојно оданочување по ист основ, а кое не е во функција за заштита на граѓаните од прекумерно и неоправдано оданочување и правната и социјална сигурност, поради што ова решение е во спротивност со интенцијата на Уставот изразена во темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија – пишува Стамен Филипов во својата иницијатива.
Извор: Плусинфо.мк