Владата пак ќе се задолжи, ќе позајми 12,6 милиони евра од домашни кредитори
Објавено на 21 јуни, 2016 во 09:58
Владата планира денеска да се задолжи.
Се очекува Владата да позајми 12,6 милиони евра од домашните кредитори.
Парите ќе ги обезбеди преку аукција на државни хартии од вредност, со рок на доспевање од три месеци, една и петнаесет години.
Во повеќе наврати досега Владата се задолжуваше со сума повисока од планираното.
Скоро после секое задолжување има реакции од опозицијата за висината на задолжувањето и за тоа како парите ќе бидат потрошени.
Заклучно со првиот квартал од 2016 година, јавниот долг на земјата изнесува 4,3 милијарди евра или 45 % од бруто домашниот производ.
Извор: Фактор