Брегзит: Фунтата падна на најниско ниво, еврото оди надолу!
Објавено на 24 јуни, 2016 во 07:43
Како што предвидеа експертите, се случија големи потреси на финансиските берзи. Шредупредувањето гласеше дека гласањето за излез од ЕУ може сериозно да ги загрози изгледите за раст на Велика Британија и може да доведе до девалвација на фунтата и до 30%.
Ако Велика Британија останеше во ЕУ, тогаш се очекуваше фунтата да скокне во однос на еврото и доларот на ниво кое е невидено од крајот на претходната година.
Курсот на еврото во однос на јенот падна на најниско ниво во последниве три и пол години од јануари 2013 година, како последица на резултатите од референдумот во Велика Британија, јави ТАСС. Истовремено, британската фунта падна на најниско ниво од 2013 година.