Сорос заработи од Брегзит
Милјардерот кој во 1992 година заработи богатство така што со шпекулации на пазарот ја собори фунтата, сега заработи со купување на злато, пишува Фактор.
Кога и да се случи нешто важно во Велика Британија, Џорџ Сорос добива. Милјардерот кој на „црната среда“ во 1992 година заработи на слабеењето на фунтата, сега заработи и на Брегзит.
Ја предупредуваше британската јавност дека гласот за заминување ќе ја ослабне и доведе во опасност британската фунта, повеќе отколку на „црната среда“ во 1992 година.
Сорос во своите бизнис операции не сметаше дека Британија ќе остане во ЕУ.
Напротив британските медиуми пишуваа дека во очи на 23 јуни тој продавал акции и купувал злато.
Да одлучеа да останат Британците, Сорос ќе изгубеше. Вака тој заработи затоа што цената на златото пред референдумот скокна највисоко во последните две години.
Што е она што Сорос го знаел, а другите инвеститори ширум светот не го знаеле и изгубија многу пари во изминатите денови?
Своевремено во 1992 година Сорос ја искористи слабоста на системот. Кога видел под каков притисок е британската Влада, делумно и поради лошата состојба во државната каса, заедно со други инвеститори купил пари за да ја ослабнат фунтата. Таа сума пари ја менувал за германска марка и француски франк. Британската централна банка интервенирала на пазарот, почнала да купува фунти за да го стабилизира курсот. Тој 16 септември 1992 година каматната стапка на должничките записи е зголемена од 10 на 12%, за да инвеститорите „намалат“ да вложуваат во фунтата. Сорос чекаше и по неколку часа каматата стана 15%, но и таа камата не ја прифатија и во 19 часот беше соопштено дека Британија излегува од Европскиот монетарен систем. Со тоа Сосор заработи милијарда долари и стана легенда, а во историјата на Британија тој ден е забележан како „црна среда“.
Извор: Фактор