Цената на струјата за 0,25 отсто поевтина?
Цената на струјата од први јули ќе биде поевтина за 0,25%, ваква одлука се очекува да донесе денеска регулаторната комисија за енергетика, дознава Фактор. Регулаторите досега анализраа трошоците на енергетските компании ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО, дознава Фактор.
Од цената што ја плаќаат домаќинствата, најголем дел или половина, се за државните електрани, ЕВН фактурира 44 %, додека преносниот оператор МЕПСО 6 % – ова е методологија според која се распределуват парите од цената на струјата по енергетските компании за киловат час.
Инаку од први јули освен домаќинствата нова цена на електричната енергија ќе имаат и дел од компаниите што ќе излезат на слободниот пазар. Со првата од петте етапи од последната фаза на либерализацијата се опфатени вкупно 158 квалификувани потрошувачи меѓу кои фирми, јавни институции, амбасади.
Извор: Фактор