Ќе влијае ли еврообврзницата врз изборниот процес?
Еврообврзницата директно ќе влијае врз изборниот процес на земјата оценуваат дел од аналитичарите за 24 Вести.
Повикувајќи се на досегашните искуства аналитичарот Алберт Муслиу вели со ова владата си создаде сигурен терен во предизборието и за време на самиот изборен процес. Меѓудругото Муслиу не ја исклучува можноста дел од овие пари да се искористат и за поткуп на гласачи.
Дел од аналитичарите пак велат дека обврзницата нема никакво влијае врз изборниот процес и дека тоа го прави секоја држава во зависност од потребите на граѓаните. Универзитетскиот професор Оливер Андонов вели бенефитите после извесен период од овие средства ги чувствуваат граѓаните а изборите немаат никаква поврзаност со тие пари.
Ова не е прв пат предизборно владата да се задолжи. Статистиките покажуваат дека предизборно растат владините задолжувања а за тоа говорат и предвремените избори во 2011-та кога од сретствата на ММФ владата искористи над 200 милиони евра. Сепак политичката криза дополнително доведува до една ваква ситуација која како што оценува дел од домашната експертска јавност доаѓа како резултат на пропустите во владеењето и менаџирањето на актуелната владејачка гарнитура.
Извор: 24 Вести