Буџетот на пленарна седница во понеделник
Објавено на 12 октомври, 2016 во 15:05
Буџетот за следната година пратениците на пленарна седница ќе го разгледуваат в понеделник, ако дотогаш не биде распуштен парламентот.
Пратениците в понеделник на пленарна седница ќе го разгледуваат предлог буџетот за 2017 година.
Претседателот на собранието Трајко Вељаноски денеска ја закажа седницата откако владата го достави предлогот кој и беше вратен на разгледување по амандмантската расправа.
Во комисиската расправа пратениците од мнозинството не прифатија ниту еден амандман предложен од опозицијата.
Извор: 24 Вести