Ново задолжување од 61,3 милиони евра
Објавено на 1 ноември, 2016 во 08:56
Владата денеска ќе се задолжи со 61,3 милиони евра кај домашните банки и осгирителни компании. Според проспектите на Министерството за финансии, околу 10,5 милиони евра се со рок на достасување на 6 месеци, 39,9 милиони евра на една година , 5,5 милиони евра 2 години, 5,7 милиони евра за 15 години.
Утре по основ на доспеани обврски, државата треба да врати 49, 26 милиони евра, а за четири дена уште 12,21 милион евра.
Јавниот долг, според Министерството за финансии со третиот квартал од годинава достигна 4,76 милијарди евра што е 50,6отсто од домашниот бруто производ (БДП).
Извор: Плусинфо.мк