Ќе станеме кошаркарска нација, објавен тендер за 150 игралишта
Агенцијата за млади и и спорт објави тендер во вредност од над 254 милиони денари,без ДДВ за изградба на 150 терени за кошарка во повеќе општини.
Тендерската постапка за доставување на понуди од заинтересираните компании е отворена до 10 јануари 2017 година.
Изградбата на спортските терени ќе се се реализира постепено наредните 48 месеци.
Според тендерот, ќе се градат типизирани терени за кошарка со тврда акрилна подлога, кои ќе бидат опремени со реквизити и осветлени.
Проектот изградба на вакви изгралишта е планирано да се заврши најдоцна до 2020 година.
Замислата за изградба на игралишта за кошарка од централната власт ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во јануари годинава.
Одлука за овој голем проект на Владата е донесена на седница што се одржала на 12 октомври, односно пред еден месец.
Извор: Плусинфо.мк