Телма: Надворешниот долг изнесува 72 % од БДП
На крајот на јуни, бруто надворешниот долг изнесува 6,914 милијарди евра или 72 % од БДП. Тоа според послениот извештај на НБРМ, значи дека надворешниот долг во однос на претходниот квартал се зголемил за 1,1 % од БДП, пишува Телма.
„Ваквото квартално зголемување на бруто- долгот главно произлегува од растот на приватниот долг. Растот на приватниот долг е последица на зголемувањето на обврските кон директните инвеститори, зголемениот долг на небанкарскиот приватен сектор, како и на минималното зголемување на банкарскиот долг“,пишува во најновиот извештај на НБРМ.
Поголемиот долг кај фимрите се должи на зголемени краткорочни обврски од кредити, аванси и заеми а банкарскиот долг е умерено зголемен заради раст на краткорочни заеми и на валути и депозити. Споредено со крајот на второто тромесечје во 2015, бруто надворешниот долг е повисок за 2 % од БДП.
„Годишниот раст кај јавниот долг во најголем дел е предизвикан од растот на долгот на државата поради емисијата на четвртата еврообврзница во декември 2015 година и натамошниот раст на долгот на јавните претпријатија за поддршка на патната инфраструктура“, се наведува во извештајот.
Показателите за надворешната задолженост на домашната економија и понатаму покажуваат дека бруто долгот е во т.н. безбедна зона, а единствен показател според кој економијата се класифицира во група на високозадолжени земји е учеството на бруто надворешниот долг во БДП. Умерено влошување има кај показателите за ликвидност. Нето надворешниот долг како дополнителен показател за надворешната задолженост на економијата, на крајот од првото полугодие изнесувал 2,58 милијдарди евра или 26,9% од БДП, што значи 2,6 %повеке од претходниот квартал.
Извор: Телма