Револуција во авиопревозот: Картите на „Рајнер“ ќе бидат бесплатни
Ирската авио-компанија Рајанер планира наместо промотивни наскоро да дели бесплатни карти за сите оние кои сакаат да летаат со нив, пренесе Фактор.
Шефот на оваа авио-компанија Мајкл О’Лири рекол дека очекува до 2026 година неговата компанија да продава карти за своите летови по цена од 0 денари базна тарифа, а приходи ќе имаат од продадени концесии.
„Има визија дека во наредните пет до десет години картите за летови на Рајанер ќе бидат бесплатни“, рекол тој и додал дека во тој случај летовите ќе бидат полни, а дека тие ќе имаат заработка од аеродромските приходи, значи од сите луѓе кои ќе поминат низ аеродромот и кои ќе имаат удел во купувањето и малопордажба на аеродромите.
Иако ова звучи невозможно, тој додал дека некои работи веќе тргнале и дека неговата компанија ќе тргне од некои мали регионални аердроми на кои ќе почне да им нуди свои услуги во замена за драстиќно намалување на надомест за слетување.
„Мислам дека тоа ќе се случи. Можеби не не Хитроу или некој друг голем аердром, но многу други аеродроми кои бараат зголемување на сообраќајот ќе се согласат“, рекол тој и додал дека тој процес на укинување на аеродромската такса на поедини аердроми веќе почнал.
Во Обединетото Кралство, како и во многу други места, локалните власти наплаќаат надомест за користење на аеродромите. Кај нив тоа се нарекува патничка должност, а од 2012 година е 13 фунти по патник (околу 21 долар).
Постојат предлози тие надоместоци да се елиминираат, послебно во момент кога Британија се бори со отстранување на последиците од Брегзит. Ирска ги укина овие надоместоци, а Шкотска планира да ги преполови.
Од друга страна кога Норвешка одлучила да ги зголеми овие надоместоци, Рајанер одлучил да се повлече и да престане да лета од оваа земја.
Според најновите податоци на Рајанер, просечната цена на нивната карта е 46.67 фунти, но оваа авио-компанија е позната и по многу ниски промотивни цени на своите карти.
Ублажување или евентуално укинување на овие работи би овоможило на Рајанер картите со „попуст“ да ги префрлат на „бесплатно“.
Како што велат оваа недела некои седишта се продаваат и за 4 фунти, а за тоа надомест на аеродроми плаќаат 13 фунти.
Тој, како што вели, ќе им плаќа на патниџите да летаат со нив, бидејќи наместо промотивни карти од 5 или 9 фунти, тие во иднина ќе ги даваат целосно бесплатно.
Извор: Фактор