Цените на угостителските производи исти во октомври и ноември годинава но, за 0,4% зголемени од лани
Објавено на 5 декември, 2016 во 13:32
Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2016 година, во споредба со октомври 2016 година, остана на исто ниво.
Ова е во согласност со податоците објавени денеска во соопштение на Државниот завод за статистика.
Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година, е зголемен за 0.2%.