„Емо“ од Охрид оди во стечај
Долгогодишниот загубар акционерското друштво „Емо“ од Охрид оди во стечај. Отворање на стечајна постапка побарала Управата за јавни приходи на која и должи поголема сума на пари од неплатен данок и придонеси.Основниот суд во Охрид веќе назначи и стечаен управник, пишува Плусинфо.
За стечаен управник е назначен Коле Волчевски од Битола.
Доверителите имаат рок од 15 дена од објавувањето на решението во Службен весник да ги пријават побарувањата.
Одреден е и датум на испитното и извештајно рочиште за осми февруари.
Со ваквиот чин на отворање на стечајна постапка , паѓаат во вода сите најави за рестартирање на овој гигант на македонската електронска индустрија или ќе се продаде на странски инвеститор.
УЈП и во 2013 година побара стечај за ова акционерско друштво во кое тогаш работеа 40 фирми. Само четири друштва од нив заедно со матичното друштво „Емо“ продолжија да работат.
„Емо“ е повеќегодишен загубар и во лоша финансиска состојба. Компанијата е во доминантна државна сопственост откако Владата одлучи да конвертира државен долг во влог и со тоа да го преземе управувањето со оваа компанија.
Владата многу пати до сега безуспешно се обиде да најде инвеститор за овој загубар. потенционалните инвеститори бегаа од овој загубар поради „превработеноста“.
Извор: Плусинфо