„Кока кола“ во криза, намалена потрошувачката на газирани пијалоци
Објавено на 2 мај, 2017 во 09:31
Приходите на „Кока-Кола“ во првото тромесечје многу паднаа, поради слабата побарувачка за газирани пијалоци. Поради тоа најголемиот светски производител на тие пијалоци најави укинување на 1.200 работни места.
Според деловниот извештај, приходите на „Кока-Кола“ паднаа во тромесечјето за 11,3 отсто во однос на истото ланско тромесечје, на 9,12 милијарди долари. Тоа е веќе осми квартал по ред на пад на приходите на компанијата.
Истиот профит на „Кока-Кола“ падна во изминатото тромесечје за 20,3 отсто на годишно ниво, на 1,18 милијарди долари.