Ќе се поништи тендерот на ЕЛЕМ
Објавено на 23 јуни, 2017 во 08:52
Владата ќе му наложи на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ да го поништи распишаниот тендер во вредност од 34 милиони евра, поради сомневања за злоупотреба за набавка на опремата за ископ на јаловина. Оваа одлука Владата ја донесе на вчерашната седница.
Владата го поддржува обезбедувањето сопствена механизација на ЕЛЕМ, наместо долгогодишните користења механизации од надворешни фирми, за што се трошени огромни суми пари на граѓаните, но за конкретниот случај има сериозни индиции за тендерски пропусти и фаворизирања фирми поради што се презема овој чекор.