Просечната плата во Бугарија достигна 533 евра
Објавено на 11 август, 2017 во 10:22
Просечната плата во Бугарија исплатена во вториот квартал изнесува 533 евра и е повисока за 10 отсто во однос на истиот период лани, пренесоа бугарските медиуми информација на Националниот статистички институт.
Податоците покажуваат дека најголеми плати бо Бугарија во во вториот квартал им се исплатени на вработените во секторот за информациони технологии и комуникации 1,183 евра, додека најниски плати има во секторите хотелиерство и угостителство 326 евра и градежништво 408 евра.
Во однос на истиот период лани просечната месечна плата во вториот квартал во јавниот сектор е зголемена за 8,1 отсто, а во приватниот за 10,6 отсто.