Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Вкупната нето добивка на телекомуникациската компанија Македонски Телеком (МТ) ад Скопје на крајот на минатата година изнесува 1.381.000.000 денари и е зголемена за 33,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Приходите од продажба во 2017 година изнесуваат 10.221 милион денари и се намалени за 2,5 отсто во споредба со 2016 година, соопшти денеска МТ.

На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел од 48,6 отсто, а базата на претплатници на крајот од минатата година изнесувал 1.203.000.

„На крајот од 2017 година, приходите од говорни мобилни услуги се намалени за 5,5 отсто во споредба со претходната година, што е компензирано со приходите од неговорни мобилни услуги што се зголемија за 21 отсто. Намалувањето е резултат на намалените цени на националниот дојдовен мобилен сообраќај во терминација, комбинирано со зголемениот обем на сообраќај и намалениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација, што е компензирано со зголемувањето на приходите од пост-пејд“, се вели во соопштението од МТ.

Неревидираните финансиски извештаи подготвени во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) покажуваат дека МТ има водечка позиција на пазарот според остварените приходи на крајот од 2017 година.

Компанијата бележи зголемување за 1,8 проценти на приходите од малопродажен интернет и дигитална телевизија преку Интернет протокол („ИПТВ“) на крајот од 2017 година во споредба со претходната година. Бројот на ИПТВ корисници лани изнесувал 117,5 илјади, за 9,1 отсто повеќе во споредба со 2016. Со тоа, Македонски Телеком, според интерните проценки, достигна удел од 28,2 отсто на ТВ пазарот.

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од 2017 година е стабилен и изнесува 194 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет на крајот од 2017 година изнесува 46 отсто, според интерните проценки.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.