Профитот на производителот на Нивеа се намалува поради силното евро
Германскиот производител на производи за широка потрошувачка „Beiersdorf“ ја завршил 2017-та година со помал профит од очекуваниот.
Годишната нето добивка на производителот на „Nivea“ падна за 5,2 отсто на 689 милиони евра, објави компанијата. Причините за ова, според „Beiersdorf“, е силното евро, еднократните ефекти од минатата година и отпишувањата. Сепак, за тековната година, повторно се очекува „значително повисока“ добивка, соопшти компанијата.
Спротивно на тоа, компанијата е помалку оптимист за оперативните резултати. Оперативната маргина (Ebit), кој во 2017-та година се зголеми од 15,0 до 15,4 отсто, ќе остане на исто ниво во 2018-та година. При приходите компанијата очекува органски раст, при што се исклучени монетарни ефекти, како и приходи од набавки од околу 4 проценти.
Благодарение на добрите резултати на „сестринската“ компанија за лепила „Tesa“ и силната побарувачката на производи од својот основен бренд „Nivea“ во 2017-та, „Beiersdorf“ забележа раст на органските приходи од 5,7% до 7,1 милијарди евра. Добивката пред оданочување и одбитоци изнесуваше 1.088 милијарди евра, што е за 7,3% повеќе од пред една година.
Акционерите на „Beiersdorf“ повторно ќе обезбедат дивиденда од 70 центи по акција. На ова ниво, дивидендата е со години. Најголем акционер во компанијата е семејството Херц, кое преку својот холдинг „Maxingvest“ контролира речиси половина од козметичкиот гигант.