Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

carina fin

За 75 отсто во просек се намалени глобите за царинските прекршоци за кои е предвиден мандатен платен налог, односно за оние кои можат да се платат на лице место. Со измените на Царинскиот закон се врши намалување на глобата од 250 евра на 50 евра за правно лице и од 50 евра на 15 евра за физичко лице.

Целта на измените е подобрување на легислативата во насока на создавање на униформна, правична и пропорционална примена на прекршочните одредби, соодветно на тежината на сторениот прекршок.

Со измените на Царинскиот закон се овозможува и побрз проток на стоките. Имено, тој овозможува взаемното признавање на издадените одобренија за овластен економски оператор во рамките на ЦЕФТА. Ова е голема придобивка за македонските трговски друштва кои тргуваат во регионот. Признавањето на одобренијата за економски оператот ќе овозможи побрз проток на стоката која се извезува, помалку физички и документарни контроли и можност да се одбере местото каде ќе се спроведат контролите. Сето ова ќе придонесе за олеснување на регионалната трговија.

Со измените на законот се врши и усогласување со Конвенцијата за заедничка транзитна постапка. Со нив се усогласуваат одредбите кои се однесуваат на употреба на гаранции за обезбедување на плаќање на царинскиот долг или други давачки кои можат да настанат во врска со стоката ставена во транзитна постапка.

Измените на законот стапуваат на сила кон средината на овој месец.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново