Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

prevoznici finИзлегувањето на Велика Британија од Европската Унија нема да предизвика проблеми за домашните превозници во патниот товарен сообраќај, а ќе нема промени ниту во воздухопловниот превоз на патници во текот на транзицискиот период од 11 месеци и по неговото завршување. Со Велика Британија во делот на патниот сообраќај нашата држава нема склучено спогодба за превоз и тој се одвива како слободен превоз, додека во воздухопловниот во завршна фаза е подготовка на нови спогодби.

– Со излегувањето на Британија од Европска Унија како превозници сметаме дека нема да имаме одредени проблеми затоа што нашата држава не е членка на ЕУ и во овој период сите активности се регулираат врз основа на билатерални спогодби по разни основи, па и превозот целосно е либерализиран и се врши без употреба на меѓународни транспортни дозволи за сите три вида превози (билатерален, транзитен и превоз за и од трета земја) – изјави Биљана Муратовска, претседателка на Асоцијацијата на камионски транспортери МАКАМ-ТРАНС.

Со самиот факт дека Британија не е членка на ЕУ, појаснува Муратовска, треба по автоматизам да стапи во сила одредбата од Спогодбата за асоцијација и стабилизација потпишана со ЕУ каде што се одредува дека за македонските превозници не се потребни транзитни дозволи доколку превезуваат стока од земја што не е членка на ЕУ и истовара во друга земја што не е членка на ЕУ. Ова значи дека останатите 27 членки на ЕУ не треба да бараат меѓународни дозволи за транзитен превоз низ територијата на ЕУ.

– Тоа особено треба да се потенцира и да се бара да се почитува од страна на Франција и Белгија, кои во изминатиот период вон сите правила за транзитен превоз од држави различни од матичната држава, кога превезуваа стока за Англија бараа т.н. дозволи за и од трета земја иако се работи за транзитен превоз. Нашите надлежни органи треба да достават официјални дописи и да бараат да се почитува ова стекнато право како што тоа го направија и Германија и Австрија со вметнување одредби во потпишан Протокол од средби на мешовита комисија – препорачува Муратовска.

Промени и проблеми за превозниците не очекуваат и од Министерството за транспорт и врски, со оглед дека во делот на патниот сообраќај нашата држава нема склучено спогодба за превоз и тој се одвива како слободен превоз.

– Во финална фаза е подготовка на нови спогодби за воздушен превоз на патници со Велика Британија. Се очекува набрзо тимови од двете држави првин да потпишат меморандум, а потоа и спогодбите. Дотогаш нема никакви пречки за одвивање на воздушниот сообраќај меѓу двете држави – истакнуваат од ресорното Министерство.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) појаснуваат дека официјалниот излез на Велика Британија од Европската Унија нема да донесе импликации во насока на евентуални промени во домашниот воздухопловен сектор.

– Ваквата состојба ќе остане непроменета главно поради самиот договор за Брегзит, кој предвидува транзициски период, односно т.н. период за имплементација каде што статусот на Велика Британија во Унијата останува ист до 31 декември 2020 година, па така не постои нарушување на досегашниот режим на летање на линиите помеѓу Република Северна Македонија и Велика Британија регулирани со договорот за Европска заедничка воздухопловна област, кој останува апликативен. Во моментот сообраќајот помеѓу овие две земји се врши од страна на авиопревозникот Виз ер, како еден од превозниците на Унијата (т.н. ЕУ или ЕЗВО-авиопревозник) и не постојат никакви пречки за понатамошно одвивање на сообраќајот како и досега – велат од АЦВ.

Што се однесува до состојбата по истекот на транзицискиот период, а земајќи ги предвид подготовките што Велика Британија ги презема во насока на билатералните односи со државите каде што има интенција да врши воздушен сообраќај, не се очекуваат значителни промени и по истекот на транзицискиот период во поглед на сообраќајот помеѓу Република Северна Македонија и Велика Британија, потенцираат од АЦВ.
Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ сообраќа двапати неделно на директната линија Скопје – Лондон.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен состав се донесоа следниве заклучоци:

  • За спроведувањето и реализацијата на препораките за ограничено движење на граѓаните на јавните места и во институциите, Општина Велес ќе ја известува јавноста преку официјалната интернет страница, преку официјалните социјални мрежи, како и преку електронските и пишани локални медиуми;
  • Поради неисправноста на водата во село Сопот за потребите на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбедува достава на канистер со вода за техничка употреба и флаширана вода за пиење.

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Предложената мерка, Малиот пазар во „Нова населба”,
да остане затворен за работа, останува во сила;
- ЈКП „Дервен” да донесе Одлука во врска со работењето
на Градскиот пазар да работи секој ден, од 06:00 до
13:00 часот;
- Да се ограничи продажбата исклучиво само на
земјоделски производи (овошје, зеленчук и други
прехрамбени производи);
- Прехрамбените производи да бидат изложени на секоја
втора тезга во редот;
- Да се изврши оградување на паркинг просторот надвор
од пазарот, да не се дозволува продажба на производи;
- Да се регулира влегувањето и излегувањето на
посетителите во пазарот, со два влезови;
- Пред влезовите да се забележи влегувањето преку
двајца редари и да се внимава на физичикото
растојание при влегувањето;
- Задолжително носење на заштита опрема (маски и
ракавици) на продавачите;
- На влезовите да биде поставено средство за
дезинфицирање и маски за потребите на купувачите;
- Местото на продажба на производи од ист вид, се
утврдува од раководителот на ЈП Пазари при
доделувањето на тезгата за продажба;
- ЈКП „Дервен” се задолжува преку јасно видливо
известување до граѓаните да го определи
времетраењето на задржување на купувачот во пазарот;

- По препораки на Светската Здравствена Организација
(СЗО) ЈКП „Дервен” од денес врши зголемување на
нивото на хлор во водоснабдителниот систем по 0,5 ml/L
милиграми на литар резидуален хлор во градскиот
водоснабдителен систем;
- Согласно Оперативниот план за дезинфицирање се
задолжува ЈКП „Дервен” да спроведе дезинфицирање на
на детските забавни паркови, спортските терени,
патеката околу езерото „Младост” и други јавни
површини во градот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се задолжуваат мобилните тимови на МВР – СВР Велес
на двата пунктови при влезот во град Велес, одредени
на улиците „Вардарска” и „Димитар Влахов”, да вршат
редовна контрола на физичката состојба на учесниците
во сообраќајот, како и дезинфенкција на возилата;
- Се задолжува МВР – СВР Велес да одреди тимови кои
ќе вршат контрола на движењето на граѓаните кон езеро
„Младост”;
- МВР одредува една патрола со двајца униформирани
полицајци за воведување на ред на влезовите на
пазарот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се упатуваат управителите на згради, претседателите
или претставници на куќните совети на станбените
згради, да стапат во контакт со Центарот за јавно здравје
со цел добивање конкретни информации за начинот на
употреба на средства за дезинфицирање на зедничките
простории, телефон за контакт: 078 246 729.

 

 

 

 
   
   
   
   

Најново